(ГАЛЕРИЈА) Мерцедес од 1985 година се продава за 57.000 евра

Верувале или не, овој олдтајмер има поминато само 10.000 милји и буквално е во перфектна состојба, а се продава на популарниот сајт„eBay“ за 57.000 долари.

Овој автомобил поседува 5.0 литарски V8 мотор кој произведува 230 коњски сили. Со моторот е поврзан четиристепен автоматски менувач кој беше многу редок во тоа време и кој го прави овој автомобил да биде уште поредок и повреден.

Овој автомобил не поминал низ никакви механички модификации, но содржи оргинални AMG каросериски делови. Предниот и задниот браник и некои делови, се додадени дополнително на овој автомобил, бидејќи овој модел оригинално не ги вклучува истите, но бидејќи се работи за оригинални AMG делови, вредноста на овој автомобил не е загрозена на овој начин.

Ентериерот е во неверојатна состојба и кога ќе седнете во овој автомобил, нема да можете да си поверувате дека е направен во далечната 1985 година.

Засега автомобилот се уште не е купен, но претпоставуваме дека некој љубител на олдтајмери ќе се јави за да ја присвои оваа бела мечка.