Галерија МУЗА во Љубљана е новиот простор за уметничката колекција на НЛБ д.д, која вклучува и македонски автори

Под покровителство на НЛБ Банка д.д., вчеравечер, во Љубљана, со изложбата „Ехо: НЛБ Колекција на современа уметност во дијалог“ свечено беше отворена новата Галерија МУЗА. Во присуство на важни гости, меѓу кои претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар, странските амбасадори во Словенија, регионални уметници иистакнати личности од културниот и бизнис сектор, изложбата претстави уметнички дела од постоечката колекција на НЛБ д.д., која е најголемата приватна колекција во Словенија, вклучувајќи и дела од врвни уметници од регионот на Југоисточна Европа, правејќи ја Љубљанa, центар на регионалната современа визуелна уметност.
Уметничката колекција на НЛБ, во 2017 година беше прогласена за национално богатство на Република Словенија, а денес брои повеќе од 2000 дела и е најголема приватна колекција на уметност во Словенија. Во 2023 година, НЛБ Групацијата одлучи да продолжи со откуп на уметнички дела, како покровител, партнер и поддржувач на современата уметност во Југоисточна Европа. Така, колекцијата на НЛБ доби интернационална важност со нов концепт и структура, фокусирајќи се на современата уметност. Во изминативе две години, Групацијата откупи дела од 19 уметници од средната и младата генерација на земјите во регионов, кои, се дел од оваа изложба. Во колекцијата вклучени се и дела од тројца меѓународно докажани македонски автори: Христина Иваноска, Јане Чаловски и Нада Прља.
Куратори на изложбата се словенците д-р Мета Кордиш, Тевж Логар и македонската кураторка д-р Мира Гаќина.
По повод отворањето на Галеријата, Блаж Бродњак, претседател на Управата на НЛБ д.д, истакна дека НЛБ Групацијата традиционално е важен покровител, не само на словенечката, туку и на регионалната култура и уметност.
„Со отворањето на галеријата, со гордост започнуваме ново поглавје, бидејќи на пошироката публика ќе ѝ ги изложиме уметничките дела од сите пазари на кои сме присутни. Сакаме Галеријата МУЗА да стане центар на регионалната современа визуелна уметност, да ги поврзе народите кои живеат тука, да се запознаат подобро, да се поврзат и преку културата и уметноста да живеат во хармонија. Затоа, денешниот ден е важен, не само за НЛБ Групацијата, туку и за целиот регион, кој ние во НЛБ Групацијата го нарекуваме наш дом“, рече Бродњак.
,Директорот на Галеријата МУЗА, Матко Миоќ по овој повод истакна дека прекрасната сецесионистичка банкарска палата на ул. Чопова во центарот на Љубљана сега ќе блесне во својот полн сјај.
„Словенечкиот музеј на банкарството, кој од 2021 година е сместен на првиот кат од оваа зграда, ќе биде придружен со естетски софистицирана и уникатна галерија на вториот и третиот кат.Банкарската палата станува дом на културата и место за поврзување на бизнисот и уметноста, обединувајќи ја Југоисточна Европа“, изјави Миоќ.
„Изложбата „Eхo – НЛБ Колекција на современа уметност во дијалог“ е поделена во три динамични целини, објасни д-р Мира Гаќина, ко-кураторка на поставката и член на Уметничкиот совет на НЛБ:
„Тие го рефлектираат односот помеѓу сегашноста и промената – отпорот и носталгијата од една страна, индиферентноста од друга, и креативната потрага по нешто ново од трета страна. Трите единствени целини, преку дијалогот помеѓу старата и новата колекција, истражуваат промена во односот кон себе, другите и околината, а се нарекуваат Идентитет, Заедница и Пејзаж“, изјавиГаќина.
Д-р Мета Кордиш, ко-куратор на изложбата Ехо и куратор на уметничката колекција на НЛБ, потенцираше дека почетоците на колекцијата датираат од раните 70-ти години на 20-тиот век, кога облакодерот на НЛБ (Управната зграда) на Трг Републике 2 бил опремен со уметнички дела.
„Изборот следеше јасен концепт и дизајн, а при обнова на зградата, колекцијата беше надградена. Историјата на нејзиното создавање била доверена на стручњаци, бидејќи нивната автономија е клучна за квалитетна колекција, презентација и евалуација. Банката отсекогаш била свесна за важноста на транспарентноста како суштински дел од деловната етика“, рече Кордиш.
Тевж Логар, ко- куратор на изложбата Ехо и претседател на Уметничкиот совет на НЛБ, смета декауметниците се критички набљудувачи на своето опкружување, па со собирањето на нивните дела се ко-создава сведоштво за современиот момент.
„Дизајнот на колекцијата е создаден за да се разликува од други корпоративни проекти во регионот, комбинирајќи купување, изложбена активност, истражување, издаваштво и институционални врски, што ја надминува класичната претстава за колекцијакако обична акумулација на артефакти. Овој пристап создава платформа што придонесува за образованието, ги поддржува уметниците и ги подобрува условите за продукција, дефинирајќи ја како важна референца за современата уметност во регионот“, изјави Логар.
Галеријата МУЗА се наоѓа на ул. Чопова бр. 3, во самиот центар на Љубљана, каде што се наоѓа и Словенечкиот музеј на банкарството и ќе биде отворена за посетителите секој ден, (освен понеделник) од 10 до 18 часот.
Изложбата Eхоќе биде отворена се до 8 февруари 2026 година.