Нема ништо подобро од мирен сон покрај нежниот звук на океанот, а приликата за да уживате во ова ви ја нуди „Grand Park Kodhipparu“ ресортот на Малдивите..
Како дел од
единствената, луксузна понуда, овој хотел сега ги повикува своите гости да се
одморат на „мрежестите“ кревети над водата. Оваа понуда е вистински хит помеѓу
туристите, а доказ се толку луѓето кои од целиот свет доаѓаат токму на ова место
за да се одморат и уживаат.
Сместен на сопствениот остров во северниот дел, „Grand Park Kodhipparu“ ресортот на Малдивите е достапен после дваесетминутно патување со брод од аеродромот. Се состои од вкупно 120 вили, а поголемиот број од нив е наоѓаат над водата, додека некои се сместени на самата плажа. Мрежестите кревети над водата се наоѓаат во вилите кои се над вода, а кои чинат по 400 долари од ноќевање и содржат свој сопствен базен.
Коментирајќи ги славните кревети, Аруши Гупта, маркетинг менаџерот на овој ресорт изјави: „Секоја вила, освен оние кои се на плаѓата, има сопствен мрежест кревет кое претставува едно од најпопуларните места за уживање. Добивме многу позитивни коментари од нашите гости“.
Вилите на вода се вистински хит на Малдивите, а многу други ресорти ги креираат за да привлечат повеќе гости. Следејќи го сето ова, водата и луксузот одат рака под рака.