Балканците живеат во гасна комора, покажа најновиот извештај на Глобалната Алијанса за здравје и загадување. Македонија е на 13. место со 96 починати на 100.000 жители, на 18. место е Црна Гора (89), на 26. е Албанија (79) и на 34. место е Словенија со 68 смртни случаи како последица од загадувањето.
Бројките во извештајот покажуваат дека Србија е прва во Европа по штетните ефекти од загадувањето, најмногу од загадениот воздух и деветта во светот. Бугарија е на третото место по смртност во Европа како последица од загадувањето. Во оваа земја во 2017 година се евидентирани 137 смртни случаи на 100.000 жители. Петта е Босна и Херцеговина со 125 умрени од загадувањето, седма е Хрватска (108), а единасетта е Грција со 99 починати.