Гастроентеролог открива што им се случува на пациентите кои секој ден јадат кисели краставички: „Веднаш ќе го почувствувате ова“

Научните истражувања покажуваат дека цревата во кои преовладуваат добри бактерии (пробиотици) значат посилен имунитет, помал ризик од гастроинтестинални заболувања и одредени видови рак. 

Таквата исхрана поддржува и здравје на срцето, намалувајќи ризик од хипертензија и срцеви болести.

Кимчи и кисела зелка одамна се познати како пробиотски намирници, но што е со кiselите краставички? Според гастроентерологот д-р Робин Чуткан, сè зависи од начинот на подготовка. Краставиците киселени во оцет не содржат живи бактерии, бидејќи оцетот ги уништува. 

Ферментираните краставички, пак, се прават во солена вода и природно ферментираат, со што стануваат вистински извор на пробиотици.

Д-р Меган Роси потврдува дека токму ферментацијата носи најмногу придобивки: покрај живи микроорганизми, создава и биоактивни пептиди кои го намалуваат крвниот притисок и дури продуцираат витамини.

Што значи секојдневна консумација? Стручњаците велат дека ферментираните краставички можат да го подобрат варењето, да ја намалат надуеноста и запекот, па дури и да го намалат нивото на воспаление во телото. 

Истражување на Стенфорд покажа дека ферментираната храна ја зголемува разновидноста на микроби во цревата и го намалува ризикот од десетици хронични болести.

Сепак, постои и предупредување: ферментираните краставички се многу солени. Затоа се препорачува умереност – стандардна порција од половина чаша содржи повеќе корисни бактерии отколку многу пробиотски суплементи, но преголема количина може да биде штетна за срцето.