Гастрономско уживање и дегустација на вината „La Scolca“ во винскиот бар Wine Berry
Винскиот бар Wine Berry и компанијата „Алхемист“ ве покануваат да ја откриете магијата на винските етикети од италијанската винарија „La Scolca“. За комплетно гастрономско уживање, на овој специјален настан, ќе имате можност да вкусите италијански и суши специјалитети кои се совршена комбинација со овиебели вина. Дегустацијата ќе се одржи на 4. декември во винскиот бар Wine Berry со почеток во 19:30 часот. Бројот на гости е ограничен, а резервација за настанот може да направите на контакт-телефонот 070/ 340 243.
Присутните гости ќе имаат можност за дегустација на трите вински етикети на виното „Gavi dei Gavi“ - Gavi dei Gavi White Label, Gavi dei Gavi Black Label и Gavi dei Gavi Gold Edition. За карактеристиките на вината ќе се обрати Chiara Soldati, сопственичка на винаријата „La Scolca“ која ќе ја доближи историјата и комплексноста на оваа винарија со традиција која трае 105 години.
Вината Gavi dеi Gavi на„La Scolca“ се безвременска пасија. Том Круз, Колин Фирт, Елтон Џон, Стинг, членовите на AC/DC, Дензел Вашингтон се дел од познатите личности кои ја делат истата пасија и уживаат во ова италиjaнско култно вино.
*Пр објава