Газираната вода е опасна во лето, а еве што сè не треба да пиете: Невролог предупреди за пијалаци кои можат да ви го загрозат животот!

Иако повеќето луѓе уживаат во летото и топлите денови, летните горештини на многумина им носат и здравствени проблеми

Невролог откри се‘ за храната, пијалаците и навиките кои можат да ни го загрозат здравјето во текот на летото!

„Екстремните температури им пречат на сите затоа што на такви високи температури се шират крвните садови кои го хранат мозокот, срцето, бубрезите и сите витални органи, тоа не можат да го поднесат ниту најздравите луѓе, а кај луѓето кои веќе имаат некои болести на васкуларен систем, на мозокот, срце, овие температури дополнително создаваат услови за развој на посериозни оштетувања. Ако зборуваме за мозокот, таму прво може да се развие хипоксија, односно недостаток на хранливи материи и недостаток на проток на крв, доаѓа до пад на крвен притисок, дури и ако терапијата не се зема правилно...“, ја започна приказната во Утринската програма на ТВ Прва, претседателот на Друштвото на невролози на Србија, проф. д-р Ранко Раичевиќ.

Тој истакна дека освен да избегнуваме да бидеме надвор од 10 до 16 часот, кога УВ зрачењето е најсилно, важно е да носиме шапка кога сме надвор, како и шише негазирана вода, не премногу ладна вода.

„Таа мора да биде негазирана бидејќи одредени јони, доколку се внесат во големи количини, може да предизвикаат нарушување на срцевиот ритам. Така, најдобриот пијалак е негазирана вода. Не сум против младите понекогаш да пијат газирана, туку оние кои веќе имаат проблемите треба да внимаваат. Строго сум против алкохолот, кој во овие околности дополнително ги шири крвните садови и ја намалува потрошувачката на кислород во мозокот и срцето. Сега, алкохолните пијалаци се особено опасни на овие екстремни температури, а најопасни се т.н. - жестоки алкохолни пијалаци“.

Во текот на топлите летни денови се случува луѓето да се разбудат со главоболка, а неврологот открива дали тоа е последица на жештината.

„Апсолутно се создаваат услови за послаб сон, многу често се прекинува сонот со будење за да се напиеме чаша вода, се менува јонизацијата на атмосферата“.

Користењето на климата во текот на летото е секојдневие, а некои дури и спијат со вклучена клима, што докторот не го препорачува.

„Клима-уредот има свое место и служи за ладење на просториите, а не за ладење и за создавање услови да бидеме во Осло, а ние во суштина сме на Кипар. Тоа значи да се создаде температура која е шест или седум степени различна од надворешноста и да ни даде ниту ладно, ниту топло во таа просторија, туку пријатно. За жал, сведоци сме дека кога ќе влеземе во продавница, температурата таму е, убеден сум, 18 степени“, рече на крајот докторот.


Фото: Printscreen/TV Prva

Извор: најжена