ГИ ИСКЛУЧИЈА АПАРАТИТЕ: Детали за смртта на познатиот актер, семејството на Том донесе болна одлука
Ова се ДЕТАЛИ за смртта на познатиот актер, семејството морало да ја донесе НАЈБОЛНАТА ОДЛУКА
Актерот Том Сајзмор почина на 61-годишна возраст во болница во Лос Анџелес, откако неговото семејство вчера со тешко срце им даде дозвола на лекарите да го симнат од апаратите на кои беше поврзан.
Актерот беше примен во болница кон средината на минатиот месец, поради аневризма на мозокот, по што падна во несвест. Со него во тој момент бил и менаџерот Чарлс Лаго, кој повикал брза помош.
Првите информации кои пристигнаа беа дека тој е во „критична состојба“, а потоа американските медиуми објавија дека актерот бил на апарати за одржување во живот откако бил примен.
Да потсетиме, освен култната улога во филмот „Спасување на војникот Рајан“, каде играше рамо до рамо со Том Хенкс, Сајзмор за жал беше познат и по проблемите со недозволени супстанци. Пред три години бил уапсен кога полицијата при рутинска контрола во неговиот автомобил пронашла поголема количина на наркотици „за лична употреба“.
Зад себе остави два сина - близнаците Џејден и Џегер (17).