Ги засени и Италијанците: Македонскиот актер покажа секси елеганција под тосканското сонце

Машката мода во Италија, претставува спој на стил, елеганција и традиција. Италија одамна важи за светска модна престолнина, а италијанската машка мода е симбол на префинетост, квалитет и ненаметлива елеганција. Од улиците на Милано до ривиерата на Амалфи, италијанските мажи се познати по своето чувство за стил и внимание на детали.
Италијанскиот стил често се опишува како спој на традиционална кројна изработка и современи трендови. Италијанците го негуваат концептот „sprezzatura“ – уметноста да изгледаш стилски без да употребиш премногу напор.
Италијанската мода не е само надворешен изглед – таа е одраз на култура, самодоверба и животен стил. За Италијанците, облекувањето е начин на изразување и почитување на себе и на другите.
Под мекото сонце, среде маслинови дрвја и ридови обвиени во винова лоза, македонскиот актер Жарко Димовски, се обиде да одглуми спонтаност додека го фотографираат среде Тоскана, Италија.
Во неколку изгледи Димоски покажа дека има потенцијал да се вклопи во италијанскиот стил и култура, кога станува збор за стилот.
„Спонтаноста изгледа добро во италијанска светлина“, стои во описот на фотографиите.
Фото: Фејсбук