Забава // Музика и филм
Ѓоко Танески по 45 години си ја пронајде родената сестра: Сега живееме како никогаш да не сме биле разделени
Познатиот македонски пејач Ѓоко Танески во емисијата „Нешко конкретно“ откри дека по долго трагање ја пронашол својата родена сестра
- Некое време не знаев дека постои, па после дознав, па не можевме, па ја најдовме... и така сега живееме како никогаш да не сме биле разделени - раскажа пејачот од Охрид.
Имено водителката Снеже Велков го праша и што тоа после цели 45 години му промени во однос на погледот на животот, а тој одговори дека со тоа сфатил колку е важна фамилијата и колку е важно да имаш за кого да се бориш.
Откри дека сега се бори и за неа и за двајцата внуци кои ги има од неа.