Ѓоковиќ до публиката: Добра ноќ, ништо не ми можете! (ВИДЕО)
Новак Ѓоковиќ даде „запалива“ изјава откако го совлада Холгер Рун во осминафиналето на Вимблдон.
Седумкратниот шампион на најголемиот турнир имаше порака до навивачите кои сакаа да го испровоцираат гласно навивајќи за Рун.
„Честитки од се срце до сите навивачи кои останаа овде, и до сите оние кои избраа да покажат непочитување - ви посакувам доооооооооооооообра нооооооооооќ.
-Јас сум на турнеи повеќе од 20 години, ги знам сите трикови. Луѓето овде го сакаат тенисот, плаќаат билет, ги ценат напорите на играчите. Играв во многу понепријателски атмосфери, ништо не ми можете“.
Кога станува збор за самиот натпревар, Новак рече:
„Многу сум задоволен. Мислам дека не одигра блиску до своето најдобро ниво. Ги загуби првите 12 бода, тоа можеби малку го погоди, не е лесно ни да се игра на овој Централен стадион, тоа е стресно.
Задоволен сум од играта, спасив неколку брејк топки, бев цврст во ситуација во која можеше да да не биде од полза, на крајот од третиот сет. Пристојна игра, среќен сум со победата во три сета“.