„РАКОМЕТНАТА ЈАВНОСТ ИЗГУБИ ВРЕДЕН СПОРТСКИ РАБОТНИК“: Почина Илија Темелковски

Ракометната федерација на Македонија, на социјалните мрежи соопшти дека починал Илија Темелковски - човек кој сиот свој работен и животен век го посвети на ракометот.

„Ракометната и спортската јавност, денес изгубија вреден спортски работник , Ракометната Федерација на Македонија упатува искрено и длабоко сочуство до семејството на Темелковски. Погребот е утре (14.10.2025) во 11:30 часот - Градски гробишта Бутел (капела)“, информираат од РФМ.