Спорт // Спорт
Ѓоковиќ доби лоши вести од организаторите на УС ОПЕН
Србинот Новак Ѓоковиќ, станува извесно, нема да има право на настап на УС Опен 2022, откако се објавени здравствените протоколи за настап на тенисерите и присуство на навивачите на трибините.
Согласно протоколите, странски државјанин не може да влезе во САД доколку не се вакцинирани, Ѓоковиќ сè уште нема потврда дека е вакциниран, а тоа значи дека нема да добие влез во САД.
Бранител на трофејот е Данил Медведев, а неделава треба да биде извршена ждрепката, УС Опен започнува од 29 август.