Спорт // Спорт
Ѓоковиќ доби лоши вести, УС Опен ќе ја почитува препораката на Владата на САД
Организаторите на УС Опен соопштија дека Новак Ѓоковиќ е на списокот за настап на УС Опен, тоа е вообичаена пракса на организаторот, но за жал нема да настапи на последниот Грен слем турнир.
Според одлуката на властите во САД, невакцинирани странски лица не можат да добијат влез во државата, а тоа значи дека Ѓоковиќ нема да може да игра на овој престижен турнир.
„УС Опен не воведе задолжителна обврска спортистите да бидат вакцинирани за настап, но ќе ја почитува одлуката на Владата на САД која за влез во земјата бара задолжителен доказ за вакцинација на странски државјани“ – се вели во соопштението.