„Ѓоковиќ е себичен, не заслужува ни едно евро“: Американски новинар жестоко го критикуваше тенисерот
Откако Ѓоковиќ го освои седмиот трофеј на Вимблдон и 21. Грен слем турнир во кариерата, тој беше нападнат од американски новинар.
Батерворт побара од Ѓоковиќ да се откаже од 2,3 милиони евра во наградниот фонд, кои ги заработи со освојувањето на пехарот во Лондон.
- Ѓоковиќ не заслужува ниту едно евро од наградниот фонд на Вимблдон. Ако сите ние носевме себични одлуки и ја одбиевме вакцината против Ковид како него, тогаш сигурно немаше да го има овој турнир. Тој покажа непочитување кон противникот и кон љубителите на тенисот. Сите пари од наградата треба да ги донира во хуманитарни цели, за сите оние кои се борат со корона или семејствата кои ги загубија своите најблиски поради корона. На овој начин би покажал колку сериозен е во намерата да се искупи – напиша Батерворт на својот профил на „Твитер“.
Инаку, Ноле во понеделникот повтори дека нема да се вакцинира против корона вирусот и истакна дека не се надева на медицинско ослободување во САД.
извор:novosti