Ѓоковиќ и Меси се сретнаа во Мајами: Погледнете што му подари српскиот тенисер

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ победи во првото финале оваа сезона. Тој во полуфиналето на турнирот Мастерс 1000 во Мајами го победи Григор Димитров со 6:2, 6:3 во најстариот полуфинален меч во историјата на турнирот од таа серија. Двајцата заедно имаат 71 година и 262 дена.

Ѓоковиќ победи пред Лионел Меси кој настапува за Интер Мајами и дојде да го гледа полуфиналето на Мастерсот.

„Голема чест и задоволство, ми значи што Лео дојде. Мислам дека првпат играм во живо пред него. Му благодарам што беше таму со семејството. Му се восхитувам, како и повеќето луѓе во светот, бидејќи има неверојатна кариера. Ние сме истата година, 1987 година, и убаво е што е тука по натпреварот", изјави Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ и Меси потоа се запознале, а ги поврзувал поранешниот аргентински тенисер и пријател на Меси Хуан Мартин дел Потро. Меси и Ѓоковиќ си разменија подароци и се фотографираа заедно. Ѓоковиќ на Меси му подари маица со посвета:

„Семејството Меси, со љубов“.

View this post on Instagram

A post shared by Juan Martin del Potro (@delpotrojuan)

Извор: Index.hr