Спорт // Спорт
Ѓоковиќ и натаму прв на АТП, но Медведев ја намали разликата по Мастерсот во Мадрид
Новак Ѓоковиќ е 369 недела на врвот на АТП, Србинот иако не успеа да победи на Мастерсот од серијата 1000 во Мадрид, загуби 140 бода, сепак ја задржа првата позиција на ранг листата.
Србинот има 8260 бода на првото место каде е неприкосновен рекордер, но Медведев сега има 270 бода помалку на второто место, Русинот загуби 90 бода но ја намали разликата во однос на Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ сега го очекува настап на турнирот во Рим, за да ја одбрани првата позиција на АТП до настапот на Ролан Гарос, ќе мора да стигне најмалку до полуфинале во Италија.