Ѓоковиќ купува нова куќа: 9 спални соби и 8 бањи
Според шпанските медиуми, најдобриот тенисер на планетата, Новак Ѓоковиќ е фасциниран од Марбела, па решил да купи луксузна вила во ова „рајско место“ во Шпанија. Медиумите јавуваат дека Новак купува прекрасен имот и куќа во познатото летно одморалиште Коста дел Сол.
Луксузната вила има неверојатни 1.000 квадратни метри и се наоѓа на имот што се простира на околу 3.500 квадратни метри.
Новата куќа има се! Базен, огромна теретана, тениско игралиште, голема скара, девет спални соби, осум бањи, игротека, импресивна дневна соба, прекрасна градина со поглед на море ...
Семејството Djоковиќ во последно време поминува многу време во Марбела. За време на карантинот, Новак престојуваше во ова популарно туристичко место, Ѓоковиќ многу му се допадна животот во Шпанија и наводно решил да го смени живеалиштето по 10 години.
Сопругата на Новак, Јелена, смета дека Марбела е идеална за нивните деца да растат, особено од аспект на социјализацијата.
Тие наводно планираат Стефан и Тара да одат на училиште таму кога ќе дојде време. Марбела се наоѓа во Андалузија, на крајниот југ на Шпанија.
Има околу 140 илјади жители и климата е одлична во текот на целата година.
Извор: Ало.рсФото: Cronica directo