Ѓоковиќ се врати на првото место на АТП, историски скок на ранг листата, паѓа и рекордот на Штефи Граф

Новак Ѓоковиќ си го врати првото место на АТП листата, денеска ја започнува 347 недела на врвот во светскиот тенис.

Сезоната ја започна како петти тенисер, и ова е најголем скок во историјата на тенисот откако е воведено рангирањето во 1973 година.

Ѓоковиќ до 27 февруари со сигурност ќе ја има првата позиција на АТП, тогаш започнува мастерсот во САД, тоа значи дека ќе ја надмине легендарната Штефи Граф од Германија по бројот на неделите минати на врвот, односно ќе има над 377.

Србинот е прв со 340 бода повеќе од Карлос Алкараз од Шпанија.