Ѓоковиќ се врати победнички во Мелбурн, солзи, емоции и титула, ова е најголемата победа во неговиот живот
Новак Ѓоковиќ победнички се врати во Мелбурн, по 10 пат го освои Австралија опен и стигна до 22 Грен слем титула.
Со овој триумф во финалето против Циципас, Србинот се врати на светскиот врв, од понеделник повторно ќе биде прв на АТП листата.
Ѓоковиќ во финалето со максимални 3-0 го победи Циципас, по сетови 6:4, 7:6 и 7:6.
„Сакам да им се заблагодарам на сите што направија да се чувствувам добредојдено, има причина зошто го играм најдобриот тенис овде, пред легендарниот Род Лејвер, ви благодарам што сте тука. Само моето семејство знае низ што поминав во изминатите пет недели, ова е најголемата победа во мојот живот, со оглед на околностите“ изјави Ѓоковиќ.
Од понеделник, Новак Ѓоковиќ се враќа на врвот на АТП, ќе ја започне својата 374 недела како прв, го делат само четири недели од соборување на апсолутниот тениски рекорд на германската тенисерка Штефи Граф со 377 недели на врвот на ВТА листата.