Ѓоковиќ собори нов рекорд кој веројатно никој никогаш нема да го достигне: „Ги фрли на колена“ Федерер и Надал
Новак Ѓоковиќ продолжува да пишува тениска историја буквално
со секој меч. По победата над Ласло Џере, кој загуби од него поради повреда со
резултат 6:4, 6:4, 2:0, собори нов рекорд!
Новак по првиот меч на УС Опен стана „Кралот на Артур Еш“ бидејќи постигна најмногу победи на најголемиот стадион во светот, а по второто коло во рацете има нов неверојатен рекорд.
Имено, Новак по оваа победа стигна до својата 90. победа на УС Опен, со што го заокружи фактот дека има најмалку 90 победи на сите Гренд Слемови и со тоа стана единствениот во историјата кој успеал да направи вакво нешто.
Новак има 94 победи на Австралија опен, 96 на Ролан Гарос, 97 на Вимблдон, а на УС Опен моментално е на 90, а се надеваме дека до крајот на турнирот бројката ќе биде уште пет!
Колку е големо ова достигнување и колку Новак е пред конкуренцијата, говори и фактот што никој друг не успеал да ја достигне бројката од 80 на сите Грен слемови!
На пример, еден од најголемите ривали на Новак, Роџер Федерер, не стигна ниту до 80, бидејќи има 73 победи на Ролан Гарос. Федерер има 102 на Австралија Опен, 105 на Вимблдон и 89 на УС Опен.
Рафаел Надал е уште полош со таа статистика, бидејќи освен на Ролан Гарос, на ниту еден друг грен слем нема стигнато повеќе од 80 победи - има 112 на Ролан Гарос, 77 на Австралија опен, 58 на Вимблдон и 67 на УС Опен.
Фото: Youtube - screenshoot