Спорт // Спорт
Ѓорѓиев: БиХ имаат многу измени во тимот, им ја препуштаме фаворитската улога
Машката одбојкарска репрезентација на Македонија се подготвува за првиот дуел во новата Сребрена европска лига.
Босна и Херцеговина е прв противник, капитенот Никола Ѓоргиев вели дека противникот е незгоден, и дека сменил многу играчи во тимот.
„Оваа Босна и Херцеговина не ја знаеме, имаат многу промени во тимот за разлика од пред една година. Ние се надеваме на победа, ќе играме за победа, но не сме фаворити“ – изјави Ѓорѓиев.
Македонија и Босна и Херцеговина се среќаваат в недела во „Борис Трајковски“, а влезот ќе биде слободен.