Забава // Занимливости
„ГЛЕДАМ КАКО РОДИТЕЛИ ЗАРАБОТУВААТ НА СВОИТЕ БОЛНИ ДЕЦА, НА ОДМОРИ ОДАТ СО ПАРИ МОЛЕНИ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ДЕТЕ“: Д-р Лазаров со апел, да не се донира на лични сметки
Откако ја формираше ECrowd.mk , платформа за донирање за лекување на лица за кои се потребни финансиски средства, д-р Ненад Лазаров со апел на фејсбук, граѓаните да не донираат на приватни сметки затоа што како што тврди, родители заработуваат на нивните болни деца.
„Гледам како родители заработуваат на своите болни деца.
На одмори си одат со пари молени за здравјето на дете, си реновираат куќи, им остануваат пари "за не дај Боже"
Зарем не плаши карма бе луѓе ?
Застанавме како ECrowd.mk пред цела јавност со цел свој интегритет за да гарантираме и да направиме да е видливо дека секој денар ќе заврши каде што треба така и ќе продолжиме.
Ќе направиме се вакви криминалци од најдолен вид да нема повеќе!
Апелирам повторно, немојте да донирате на лични сметки ниту денар, сега веќе нема потреба никаква од тоа!“ напиша тој.