Гледате порно на мобилен: Тоа е најопасно

Ако на повеќето им е наједноставно и најпрактично гледање порно преку мобилен телефон, можеби ќе сакате повторно да размислите за оваа практика, бидејќи неодамнешните истражувања покажаа дека гледањето порно на вашиот телефон предизвикува цела низа безбедносни аларми и дека вашиот уред е изложен на голем ризик од хакирање.

Мобилната компанија за безбедност Вандер испитува колку се ризични порно-страниците кога се отвораат на мобилен уред, и откри дека „скоро четвртина од компјутерските вируси што ги закачуваат“ мобилните уреди доаѓаат од страниците на порно, а дека оперативните системи на паметните телефони , особено Андроид, не се толку сигурни како оние на работните компјутери, па хакерите имаат многу простор за акција.

Од Вандер, прелистуваа неколку различни веб-страници за порно и открија дека дури 40 од 50-те најпознати порно-страници за време на нивното тестирање, се изложени на „протекување“ на личните информации на корисникот.

Заклучокот од Men’s Health е дека ако сакате да гледате порно, имајте на ум дека гледањето преку вашиот паметен телефон, колку и да е удобно, ве става вас и вашите податоци под голем ризик од хакерство, а најмалку што можете да направите е да прашате за апликации што ќе помогнат во заштитата на податоците што ги имате во вашиот мобилен телефон.