Мелинда и Бил Гејтс „искешираа“ дури 43 милиони американски долари за нивниот нов дом, а веќе првиот поглед на локацијата и луксузната вила, ќе ве остави без зборови.
Имотот се наоѓа во Калифорнија Дел Мар и има неверојатен поглед на океанот, пренесува baltimoresun.com.
Ова е еден од најскапите имоти во областа.
Она што е посебно е дека покрај главната куќа во која ќе престојува семејството Гејтс, има стаклена градина, како и две куќи за гости, од кои сите имаат пристап до спа-објекти, домашно кино, како и стаклен базен, тениско игралиште и џакузи за десет лица.
Вилата, како и сè околу неа, се наоѓа крај океанот, изградена е во 1999 година од познатиот архитект и дизајнер Кен Рончешти.