Глинениот дворец во долната на вилите: Атракција во срцето на Трансилванија
Ова веројатно не е нешто за кое размислувате кога се споменувадворец, но секако изгледа дека е дел од некоја живописна бајка.
Castelul de Lut Valea Zanelor (Глинениотдворец во долината на Вилате) се наоѓа во Трансилванија, недалеку од градот Сибин, и е вистински пример за еколошка конструкција.
Оваа необична структура е направена од природни материјали од глина, слама и песок, без употреба на бои и лакови, а кулите се градени од речни камења.
Оваа идеја потекнува од музичката двојка Разван и Габриел Василе, кои ја продадоа својата куќа во близина на Букурешт и започнаа со изградба на бајка.
Скриената локација, убавата природа и еколошката конструкција на „Глинениот дворец“ го прават ова место целосно како „уште еден свет различен од се‘ останато“.
Архитектот успеа да го оствари сонот на музичарите кои бегаат од градскиот метеж, и создадоа „дворец во долината на Вилите“, без да ја загрозат природата и во никој случај да не ја оштетат нејзината убавина.