Го гледате Леонардо ди Каприо, но ова е неговиот брат
Пеги Ен Фарар се омажи за таткото на Леонардо ди Каприо уште во 1995 година, а врската започна кога актерот имаше само една година.
Пеги припаѓа на религијата Амритдари Сик, која потекнува од Индија и според ова, не смее да ја шиша косата и таа секогаш мора да биде чиста, а некои дури носат и турбан. Тие се вегетаријанци, забрането им е да пијат алкохол и да се коцкаат.
Ди Каприо е во добри односи со неговата маќеа, која беше видена како гостува кај него на снимањето на неговиот филм „Беше еднаш во Холивуд“. Пеги, која се омажи за неговиот татко Џорџ Ди Каприо), често носи традиционални индиски фустани, а таа започна да носи турбан пред неколку години. Ферар има и син Адам.
Патем, таткото на Леонардо е писател, а целото семејство често го поддржува актерот на холивудските настани. Пеги всушност имала добро влијание врз нивните животи и го убедила нејзиниот сопруг да живее преку улицата од неговата поранешна сопруга Ирмелин Инденбиркен и синот.
Имено, Ферар инсистираше на тоа дека Леонардо мора да има татковска фигура и дека Џорџ не може да го препушти воспитувањето целосно на неговата мајка, актерката Ирмелин. Според американските медиуми, славниот актер бил инспириран од неговиот полубрат Адам да се испроба во како актер. Тој се обиде својот талент да го демонстрира во светот на актерството во 80-тите и беше во многу филмови и телевизиски реклами.
Но Адам, полубратот на Лепнардо имаше огромни проблеми со дрога и беше обвинет дека се обидел да ја убие својата поранешна девојка. Беше неколку пати по затвори, на рехабилитации, на сеанси, но се чини дека ништо од ова не успеа. Леонардо му помага во се, но тоа очигледно не е доволно.