Го имаме автомобилот на годината: Прогласен на голема церемонија, но ќе бидете изненадени
На свеченоста што се одржа пред неколку дена во Брисел, жирито составено од 60 членови од 23 европски земји го избра Рено 5 и неговата спортска верзија Alpine A290 за најдобар автомобил на европскиот пазар со 353 поени.
Беа објавени седум финалисти за избор на европски автомобил за 2025 година, меѓу кои беа „Алфа Ромео Јуниор“, „Цитроен Ц3“, „Купра Терамар“, „Дачија Дастер“, „Хјундаи Инстер“, „Киа EV3“ и „Рено 5/alpine A290“. По конечното гласање беше прогласен автомобилот на годината.
„Хјундаи Инстер“ заврши на четвртото место со 172 бода, додека „Дачија Дастер“ беше петта со 168 бодови.
„Купра Терамар“ и „Алфа Ромео Јуниор“ ги зазедоа шестото и седмото место, со 165, односно 136 бодови.
Оваа година сите финалисти имаа електрифицирани погони, а повеќето од нив беа целосно електрични.
Секој член на жирито имаше можност да ги тестира сите автомобили, по што требаше да поделат 25 поени, при што еден автомобил можеше да добие најмногу 10 поени.
Потсетуваме, ланскиот победник беше Рено Сеник, кој со 329 поени ги победи БМВ Серија 5 (308 поени) и Пежо 3008 (197 поени). Останатите места ги зазедоа „Киа EV9“ (190 бодови), „Волво EX30“ (168 поени), „BYD seal“ (131 поени) и „Тојота C-HR“ (127 поени).
„Рено 5“ е електричен автомобил со опции со различни големини на батерии, за пет лица, со багажник сличен на просторот за складирање на поголемите градски автомобили.