Забава // Занимливости
Го имаме нај баксузот за 2019 година: Доби 11 милиони евра ама...
- 02 Јануари, 2020
Победникот на наградата во новогодишната лотарија во Турција не е толку среќен, бидејќи тој не одговори навреме да ја побара наградата, па добивките беа откажани.
Според „Дејли Сабах“, добитникот на наградата 70 милиони турски лири (повеќе од 11 милиони евра) не се пријавил пред да истече рокот на 31 декември 2019 година во 17:00 часот, па затоа чекот бил вратен во турското Министерство за финансии.
Мистериозниот добитник предизвика голема љубопитност кај јавноста во Турција.
Според официјалните претставници на турската лотарија, ова е прв пат победникот да не ја подигне премијата.
Тие велат дека победникот повеќе нема право да ја подигне премијата.