„Го погребав син ми на 3 месеци“: Жељко Самарџиќ си ја соголи душата за најголемата трагедија во животот
Инаку, Жељко и неговата сопруга Маја имаат три ќерки Сања, Данијела и Миња, а Миња е како татко и, талентирана за музика.
Босанскиот пејач Жељко Самарџиќ (67) го загубил синот во 80-тите години, кога тој бил сè уште бебе. Со сопругата Маја доби син по раѓањето на нивната прва ќерка Сања, а малиот починал само неколку месеци по раѓањето. Поточно на три месеци.
Самарџиќ сите овие години не сакаше да зборува за трагедијата, а сега првпат проговори за тоа за српски Блиц.
- Тоа беше тага за сите нас. Кога и да дојде тој месец, јас и Маја ја споделуваме таа тага и секогаш размислуваме колку голем ќе беше да останеше жив, но тоа е животот – изјави пејачот за синот Златко.
- Се сеќавам на тој период, мојата покојна баба првпат дојде да го види својот правнук, за неа беше голем шок кога се случи се. Во Црна Гора машката глава е голема работа. Никогаш нема да го заборавам. Како семејство сите отидовме од Мостар во Никшиќ за да ги извршиме тие ритуали - рече Жељко.
Инаку, Жељко и Маја имаат три ќерки Сања, Данијела и Миња, а Миња е како татко и, талентирана за музика. Првиот албум го објавила пред седум години, но не доживеал никаков успех, па нејзиниот татко сакал да ѝ помогне да се пробие на сцената, но Миња ја одбила неговата помош и му се посветила на семејството.
Фото: Инстаграм