Го проба најсилното пиво на светот со дури 75% алкохол: „Јазикот ми се здрви“

Ако вашиот пијалок доаѓа со предупредување, тоа треба да биде знак дека можеби сакате да го промените мислењето. И ако се рекламира како „најсилното пиво на светот“, треба да знаете во што се впуштате - но заради истражување, овој храбар човек бил подготвен да го проба застрашувачкиот пијалок.

Ден, попознат по корисничкото име @1minutebeerreview, стана сензација на социјалните мрежи благодарение на неговите видеа кои во суштина се мини рецензии за најдобрите пива на пазарот. Тој пронашол ретки пива и речиси секој вид на пиво што може да се замисли за време на неговата серија TikTok, што резултирало со тоа што досега испил неверојатни 2.541 пива, според Lad Bible.

Но, за навистина да ја тестира својата толеранција,  Ден решил да пие Beithir Fire Scotch. Произведен од 88 Brewery со седиште во Единбург, овој пијалок е крунисан за „најсилното пиво во светот“ благодарение на неговата неверојатно висока содржина на алкохол од 75%. За споредба, просечната содржина на алкохол во пивото е од 5 до 7 проценти... така што ова е навистина силен пијалок. Креаторите објаснуваат дека шкотскиот Beithir Fire „е создаден како врска помеѓу два од најпознатите шкотски производи, пивото и дестилираните жестоки пијалаци“. Според 88 Brewery, пивото започнува како „шкотско јачменско пиво со висок алкохол и производствен процес кој трае приближно 2 месеци“. Потоа се меша со „најчистата шкотска ракија“ за да се достигне таа 75% содржина на алкохол и се филтрира три пати по процесот на ферментација. Според зборовите на пиварницата, таа создава „пијалок толку силен што мора да дојде со предупредување“. За Меѓународниот ден на пивото, кој се одржа на 2 август, тој на TikTok објави видео преглед на ова пиво кое чини дури 58 евра.

@1minutebeerreview 1 Minute Beer Review - Beer 1988 WORLDS STRONGEST BEER!!! SCOTTISH BELTHIR FIRE - 75% ABV!! #WORLDSSTRONGESTBEER #WORLDS #STRONGEST #BEER original sound - Dan | 1 Minute Beer Review

Запознавајќи им на своите следбеници пиво кое гарантирано ќе ве собори на под, тој рече: „Едноминутен преглед на пиво, пиво број 1988. Тоа е мојата година на раѓање и сите мислите дека личам на Еди Хол“, се пошегува тој. „Значи, одиме со најсилното пиво на светот... Beithir Fire Scotch, 75% алкохол од 88 Brewery. Ден погледна кон предупредувањето дека оние кои пијат „не надминуваат 35 ml во едно послужување“ пред да дојде време за „здравица“ - и тотален хаос во устата. Речиси веднаш откако го проголта алкохолот, лицето му се вцрви, почна да кашла, повраќа... По лицето почна да му тече пот, а очите му се стеснуваат...