Го викаат „карпа“, а едвај се изборил со депресијата: Бев слаб, пред очи сѐ ми беше сиво
Уште од младоста, кога поради повреда престанал да се занимава со спорт и факултет актерот Двејн Џонсон се соочува со депресија.
Популарниот актер Двејн Џонсон ја опиша својата борба со депресијата која трае со години. Според него, сѐ започнало на универзитетот, кога се здобил со повреда на рамото.
„Бев на Универзитетот во Мајами и бев толку повреден што морав да ја завршам кариерата како рагбист“, изјави Двејн „Карпата“ на подкаст.
„Тогаш првпат се соочив со депресија. Не сакав повеќе да учам, бев подготвен да го напуштам универзитетот. Не полагав испити, само отидов“, вели Двејн.
Според него, тој не ни знаел што му е. „Не знаев ни што е тоа ментално здравје, ниту што е депресија. Едноставно знаев дека не сакам повеќе да бидам таму“.
Многу години подоцна, кога се разведе од сопругата Дени Гарсија во 2007 година, ситуацијата бил поинаква. „Тогаш знаев што се случува со мене и, за среќа, имав неколку пријатели на кои можев да се потпрам.
Можев да им кажам дека сум слаб, дека страдам, дека сѐ е сиво пред моите очи, дека синилото го нема“, вели Двејн.
Актерот помина низ многу кризи. На 23-годишна возраст, тој беше исфрлен од канадската рагби лига, а неговите соништа да стане професионален играч пропаднаа. „Ние мажите не зборувавме за тоа како се чувствуваме. Само ја спуштаме главата и поминуваме низ тоа. Не е здраво, но не знаеме друг начин.
Ако поминувате низ своја криза, најважно е да имате некој со кој ќе можете да разговарате за тоа“, вели „Карпата“. „Работите нема да се променат, ништо не можете да поправите ако ја задржите таа болка внатре. Знам, двајца од моите пријатели извршија самоубиство“.
Фото: Instagram - The rock