Гоце Георгиевски: Наша цел е пласман во следната рунда на мундијалот, ако не веруваме во успех, породбро да не одиме на светкото првенство

Македонскиот репрезентативец, Гоце Георгиевски со оптимизам гледа на настапот на нашата репрезентација на светското првенство во Полска и Шведска.

Георгиевски вели дека ќе играме на највисоко можно ниво, и вети дека сите во националниот тим ќе дадат се од себе за одличен резултат на ракометниот мундијал.

„Точно, репрезентацијата сега е поинаква, подготовките во Маврово ги одработуваме максимално добро, имаме добра атмосфера што е многу важно. Ме радува што помладите не само што одлично ги прифаќаат сите наши совети, туку добро ги спроведуваат на терен тоа е најважно. Групата е многу силна и тешка, но ако не веруваме во себе подобро да не одиме на Светско првенство. Нема лесни противници, не одиме со бело знаме, наша цел е да се пласираме во главната рунда“, вели Георгиевски.