ГОДИНА ДЕНА СТРАДАШЕ ОД ПОСТКОВИД СИМПТОМИ: Хајди Ферер не можела повеќе да издржи па се самоуби
Хајди Ферер (50), сценаристката на култната серија Крик Досон, се самоуби.
Нејзиниот сопруг ја потврди тажната вест, која ја објави на блогот на неговата сопруга, како и на Твитер. Тој исто така потврди дека станува збор за самоубиство. Како што напиша тој Хајди Ферер, страдала од продолжени симптоми на постковид.
- За време на 13 месеци и го одзеде секој дел од животот: мобилност, уживање во храната затоа што мораше да јаде многу ограничувачка диета и, на крајот, можност за спиење. Таа дури и не уживаше во книгите - напиша сопругот на Хајди, Ник Гет.Влијанието на короната врз менталното здравје на луѓето не е занемарливо. Многумина станаа поранливи за време на пандемијата, а за некои луѓе целата ситуација предизвика посериозни здравствени проблеми. Психолозите стравуваат дека оваа ситуација може да трае, а Стивен Тајлер, автор на „Пандемична психологија“, тврди дека „за несреќното малцинство, кое сочинува можеби 10 до 15 проценти од луѓето, животот нема да се врати во нормала“, токму поради влијанието на пандемијата врз нивното ментално здравје.
Серијата Досон на светот беше популарна пред 20 години. Таа беше достапна на Нетфликс од пред неколку дена .Серијата ги следеше авантурите на Досон Лири и неговите пријатели - Џои Потер (Кети Холмс), Пејси Витер (Џошуа Џексон) и Џен Линдли (Мишел Вилијамс). Сите млади актери по серијата изградија успешна кариера во Холивуд.
фото: printscreen/youtube/RecovHer