Годините се важен фактор во сексуалниот живот: Ова е идеалната разлика, а нема да им се допадне на сите
Што вели науката за тоа која е совршената „разлика во години“ помеѓу мажите и жените, за врската да биде совршена и долготрајна?
Иако многумина велат дека годините во врските не се пресудни, истражувањето на универзитетот во Атланта откри дека разликата во години е важна - барем кога се во прашање трајните врски.
Истражувани се податоци на дури 3000 личности и дознале дека, колку е поголема разлика, толку се поголеми шансите за разделба. Разликата од 5 години ја зголемува веројатноста за разделба за 18%, 10 години за 39%, а разликата од 20 години го зголемува ризикот за раскунување за 95%.
Која е тогаш идеалната разлика?
Всушност, најдобро е кога партнерите се на иста возраст.
Зошто?
Пресуден фактор е функционалниот сексуален живот во врската, тврдат експертите. Кај жинтие со годините расте сексуалната желба, а кај мажите во староста сексуалната функција опаѓа. Поради тоа многу големата разлика во годините може негативно да влијае на сексуалната врска.