Гола како од мајка родена, само тантела на неа: Манекенката раскина со момчето и реши да се одмазди, па им покажа на сите со што располага

Поранешната девојка на шпанскиот фудбалер Марк Бартру, моделот и инфлуенсерка Џесика Гојкоце, со години е главна ѕвезда во Шпанија.

Препознатлива по својата необична убавина – платинесто руса коса и зелени очи, Џесика често е во центарот на внимание, како во медиумите, така и од фановите на социјалните мрежи.

Доказ за тоа е нејзината неодамнешна објава на нејзиниот Инстаграм профил во која оваа атрактивна русокоса покрај косата и очите ги покажува и своите атрибути. Имено, на видео-објавата која собра над 85 илјади лајкови, Џесика позира речиси целосно гола во целосно проѕирен, бел фустан од тантела.

View this post on Instagram

A post shared by Jessica Goicoechea. (@goicoechea)

За потсетување, убавата манекенка и инфлуенсерка и шпанскиот фудбалер неодамна ја раскинаа својата врска во која беа од 2021 година. Колапсот на нивната љубов се случи бидејќи фудбалерот мораше да се одсели.

Тогаш многу медиуми пишуваа дека Џесика се „ослободила од заробеништво“, бидејќи, како што не се наведува, имале договор според кој секојдневен секс е задолжителен. Доколку поради некоја причина требало да го прескокнат тој ден, задолжително било да се надополни следниот ден.

„Бев половина месец на Бали, и тогаш не можев да се гледам со него. Бевме шестмина таму и немавме приватност. Кога беше можно, ги затворав завесите и вратата. Но, навистина не можев со толку многу луѓе околу мене“, изјавила Џесика во една прилика.

Фото: Инстаграм
Извор: Kurir.rs