Голден Арт ги стратуваше подготовките со три засилувања, задржувајќи ја политиката на ростер од исклучиво македонски ракометари
Паралелно со првиот тим, со тренинзи стартуваше и младинскиот погон на клубот. Голден Арт и понатаму ќе инвестира во младинските категории, со цел создавање квалитетни услови за тренинг, очекувајќи индивидуален напредок на младите играчи и во иднина нивно инкорпорирање во првиот тим во клубот.
Ракометниoт клуб Голден Арт ги статуваше подготвоките за пролетниот дел од сезоната, во која настапува со амбиции за враќање во најквалитетното ракоемтно натпреварување во државата. Следува период на интензивни тренинзи, за максимална психо-физичка подготвеност на играчите. На првата прозивка на тренерот Никола Матлиески и помошникот Филип Глигиров на ракометарите им беше посочено да продолжат со истото темпо и професионалниот пристап кој го покажаа и во првиот дел од првенството, за што подобар учинок кон патот до зацртаната цел.
"Стартувавме со подготовки, играчите се желни за работа. Се надевам дека ќе имаме успешна полусезона во која ќе го подигнеме нивото на игра. Со тоа ќе успееме да ги оствариме сопствените и клубските амбиции, а тоа е да дојдеме до првото место и пласман во Суперлигата. Успеавме да се засилиме со неколку квалитетни играчи кои што сум сигурен дека добро ќе се вклопат во нашата екипа и ќе придонесат за добар резултат. Во текот на подготовките ќе одиграме и неколку контролни натпревари со цел спремни да го дочекаме стартот на првенството" - изјави Матлиески.
На првиот собир на играчите им се обрати и претседателот на клубот, Сашко Даев, потенцирајќи ја максималната поддршка кон остварување на поставените цели, а притоа држејќи се до политиката на клубот, ростерот да го составуваат 100% македонски играчи.
Голден Арт изминатите денови промовираше три засилувања за пролетниот дел од сезоната, на позициите лев бек, лево крило и пивот во имињата на Христијан Милошески, Зоран Стојановски и Кристијан Стојаноски. Исто така, во првиот тим се прекомандувани уште неколку играчи од кадетскиот тим на клубот, кој оваа година успешно настапува во кадедската лига оставруваќи три победи, без забележан пораз.
Паралелно со првиот тим, со тренинзи стартуваше и младинскиот погон на клубот. Голден Арт и понатаму ќе инвестира во младинските категории, со цел создавање квалитетни услови за тренинг, очекувајќи индивидуален напредок на младите играчи и во иднина нивно инкорпорирање во првиот тим во клубот.