ГОЛЕМ месечен хороскоп за август: Близнаците заглавени во место, а јарците збунети до бесвест

Овен

Да се биде постојано во центарот на вниманието воопшто не е лесна работа. Август месец за вас ќе претставува месец полн обврски кои максимално ќе ви ја црпат енергијата. Но, кај вас нема откажување никогаш. Борбата за внимание и успех е тешка, но победата ќе биде дефинитивно ваша. Не знаете за средина, но токму овој месец ќе се научите како добро да си го изменаџирате времето. Ќе имате време за сите обврски, но и време да се забавувате. Една кратка, но доста поучна авантура ве очекува на средината од месецот. Не размислувајте премногу за иднината, препуштете се на моментот и уживајте.

Бик

Прифаќањето на одговорноста и не е толку тешка работа, откако ќе ги соберете првите плодови од оваа акција. Кога ќе си ги признаете вашите проблеми, пола од нив ќе ви бидат веќе решени. Месец август носи стабилност за сите бикови, па конечно ќе се запознаете со хармонијата и балансот на животот. Избегнувајте го стресот и агресивноста за ситните работи, бидејќи само тие можат да ве чинат многу. Одморете од обврските овој месец и отворете си го срцето. Вашата повлеченост може да отргне некои блиски личности од вашиот живот. Покажете им ги вашите чувства за нив и не ризикувајте да ги изгубите.

Близнаци

Овој месец ќе се чувствате како хрчак заглавен во тркалото на животот. Премногу обврски, премногу проблеми, караници и несоници. Мислите ќе ви бидат расеани, но ќе направите се за да излезете од овој круг. На средина од месец август ќе видите дека се што сте направиле било стоење во место. Овој месец ќе биде релативно тежок за вас. Понекогаш треба да постапувате мудро, а не напорно. Бидете искрени со самите себе за работите кои вистински ги посакувате. Само тогаш ќе можете да направите чиста визија и план за да си го средите движечкиот хаос. Социјално ќе бидете многу неактивни, а љубовна приказна од вашето минато постојано ќе ви се врти низ главата. Превземете акција и делувајте, ќе бидете изненадени кога на крајот од месецот ќе дознаете некои одговори.

Рак

Овој месец вашите мисли ќе бидат на годишен одмор. Конечно ќе се ослободите од непотребните прашања и претпоставки кои пола година проектираа нејасни ситуации и стравови во вас и ве спречуваа да гледате со широко отворени очи кон вашиот живот. Релаксирани и одморени, вашето темпо на функционирање ќе биде најбрзо досега. Веќе мудро ги избирате луѓето околу себе и себично го давате вашето време. Љубовта кон самите себе е најважна и најубава особина, а резултатите од тоа ќе ги почувствувате кога сите луѓе околу вас ќе ви го пренасочуваат вниманието и ќе ве прашуваат што толку прекрасно ви се случило што така изгледате. Не штедете на зборови, комуницирајте постојано.

Лав

Вашиот месец за вас претставува  месец  на преродба. Ќе се чувствувате енергично и будно. Како светот да е во ваши раце, ќе управувате со леснотија за секоја задача и овбрска која ќе ви биде доверена. Но, добро ќе знаете како да си поминете убаво. Излегувања и забави, долги одмори и опуштања ќе ви го одбележат овој месец. Ваше е само да го најдете најдоброто друштво за вас и да се пуштите длабоко низ авантурите, без никакви кочници.

Девица

Одморот за вас овој месец ќе претставува непознат поим. Преголемата опседнатост да постигнете се и да успеете во сешто ќе ја истроши целосно вашата енергија и ќе ве спушти на дното. Наместо да се обвинувате себеси дека не сте успеале, вината префрлете ја на вашата гордост и его кои досега никако не прифаќаа туѓа помош. Почувствувајте го дното и здивнете. Размислете убаво за изминатиот период и побарајте ја личноста која најдобро може да ве разбере. Наместо да разговарате со сами себе и повторно да се изгубите во хаосот во вашата глава, туѓото мислење е она што најмногу ви треба и што најдобро може да ве врати во живот. Послушајте ги советите и делувајте мудро, а на крајот од месецот, конечно ќе можете да прославите за уште една победена битка со самите себе.

Вага

Како да живеете во некој друг паралелен универзум, така ќе се чувствувате цел месец. Силата и енергијата ќе потонат некаде помеѓу вашите сомнежи и дефинитивно ќе ја изгубите вербата во себе. Ако во изминатиот преиод бевте навикнати вниманието бесплатно да го собирате на ваша сметка, овој месец ќе бидете очајни. Бидете искрени сами со себе, бидејќи месец август е подговтвен да ви ги наполни рацете со работа, но и душата со тага. Превземете одговорност за сите работи кои не сте ги исполниле и побарајте прошка од она место на кое мислите секоја вечер пред да заспиете. Нема да зажалите.

Шкорпија

Луди и бесни. Зарем некогаш во животот сте знаеле за стоп? Овој месец ќе ви биде како на филм. Вечерни излегувања, дружби, опуштање и одмор, храна, љубов и уште што ли не. Напорната работа секогаш се исплаќа, па така и вашата овој месец ќе ви донесе огромни финансиски придобивки, но и кариерно унапредување. На љубовно поле ќе бидете посамоуверни од било кога и воопшто нема да се двоумите да го направите првиот чекор. И да, ова важи за вас, не се изненадувајте, заслужено ви е.

Стрелец

Ако целиот месец август го планиравте за авантури и опуштање, не се разочарувајте кога ќе видите уште на почетокот на месецот дека нема да ви оди се по планот. Сите работи се случуваат со причина, па така и вам ќе ви се одложат плановите и предизвиците кои бевте подготвени да ги прешкртате. Втората половина од месец август ќе биде доста интересен период за вашиот хороскопски знак. Ќе се појави нова личност во вашиот живот, која ќе ви ги покаже своите гледишта кон животот и ќе ве натера да верувате во чуда. Препуштете се целосно, за на крајот од месецот да им раскажувате на пријателите. А верувајте, ќе имате мнгоу за зборување.

Јарец

Претходниот месец ви беше совршено да одмарате во вашата сигурна зона, но месец август за вас носи големи пресвртници. Ќе им попуштите на вашите емоции и ќе му дозволите на моментот да ве води. Ризикот прави капитал, а ако добро ги искористите понудените авантури, тогаш дефинитивно ќе поминете месец вреден за паметење. Не дозволувајте внатрешната несигурност да создаде оклоп врз вашата личност. Излегувањето од вашата комфорт зона ќе биде најубавото нешто што ќе ви се случи годинава.

Риби

Месец август за вас ќе биде уште едно премотување на истите фантазии во вашата глава. Прекинете да сонувате за работи за кои не сте моќни да влијаете. Наместо постојаните грижи и прашања, отстапете простор во вашата глава да размислите за некои посериозни теми од кои ви зависи иднината. Засукајте ги ракавите и фатете се за работа. Неочеквана средба со личност од минатото длабоко ќе ве натера да постапувате по вашиот разум. Ставете го срцето на пауза овој месец, само така ќе успеете да си ја зачувате енергијата.