Голем пад на новозаразени лица со Ковид-19 во земјава: Во Скопје само 3 новозаразени

Во последното деноноќие се направени 450 тестирања, а се регистрирани само 11 нови случаи на Ковид-19. Во главниот град, Скопје, каде бројот на активни случаи со ковид-19 е најголем, денес се регистрирани само 3 лица позитивни на вирусот. А по едно новозаболено лице се регистрирани во Куманово, Тетово, Гостивар, Гевгелија, Крива Паланка, Берово, Виница и Делчево, соопштија од министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 95 оздравени лица најголем дел од оздравените се од Скопје.

За жал денес се регистрирани и 3 лица кои починале, сите починле во болнички услови.