Голема денска забава овој празничен викенд во Крушево

Најголемиот адреналински парк во Македонија е супер дестинација за престојниот празничен продолжен викенд.

Во недела на 27ми август со почеток од 11:30 часот ве покануваме на денска журка со INVICTUS бенд во ALTO LOUNGE BAR на Станич. 

Во употреба ќе бидат сите содржини од нашиот адреналински парк. Направете незаборавни моменти со вашите деца на крајот од летниот распуст и уживајте во долгиот викенд со нас! Возбудливите авантури низ нашиот адреналински парк чекаат на вас. За сите кои сакате да преноќите во Крушево на располагање ви е хотелот Панорама Спа со прекрасниот поглед на цело Крушево. Дојдете и уживајте во крајот на летото без да чекате со часови на гранични премини.