ГОЛЕМА ПАРА Е ВО ИГРА: Како Дејвид Гета ги продаде авторските права и заработи милиони
Дејвид Гета, еден од најуспешните музички продуценти во светот и апсолутна диџејска sвезда, ги продаде авторските права за неговиот опус на Warner Music за околу 100 милиони долари.
На овој начин, Боб Дилан, Шакира, Пол Сајм исто така искешираа во досегашната работа ...
Овој бизнис е една од најголемите аквизиции на издавачката куќа. Ова е многу важно за компанијата бидејќи во иднина ќе ги добива сите приходи од своите песни.
Дејвид Гета е единствениот диџеј кој продал 50 милиони албуми и синглови, со 11 милијарди прегледи на ЈуТјуб, два Греми и низа други престижни признанија. Меѓу музичките sвезди, само неколку можат да се пофалат со повеќе од 100 милиони фанови на социјалните мрежи, колку што има овој хитмејкер. Неговиот двоен албум „7“ лесно се проби низ светските топ листи, а списокот на гости на албумот ја потврди апсолутната доминација во музичкиот свет бидејќи во него се најдоа и Џастин Бибер, Сиа, Ники Минаж, Мартин Гарикс, Џеј Болвин, Биби Рекс, Џејсон Деруло и други.