ГОЛЕМИ ЗАГУБИ: Илон Маск преку ноќ остана без 16 милијарди долари, колку сега тој „тежи“?

Сопственикот на „Тесла“ во моментов е седми на „Форбс“ листата на 400 најбогати Американци

Основачот на компаниите „Спејс Икс“ и „Тесла“ во моментов е седми на „Форбс“ листата на 400 најбогати Американци. Во последните денови од август, благодарение на растот на акциите на компанијата, неговото богатство се зголеми на повеќе од 100 милијарди долари, а потоа на 4 септември се лизна на 87,9 милијарди.

Кога сопственикот на „Тесла“, Илон Маск, пред точно осум години го даде зборот дека ќе донира барем 50 проценти од неговото нето богатство во добротворни организации, тој на својата сметка имал „само“ две милијарди долари.

Денес, тој брои околу 82,3 милијарди, а драстичен пад кај неговите финансии се случи вчера, кога загуби 16 милијарди долари за само еден ден, поради падот на акциите на „Тесла“. Тоа е исто така најголемата загуба во историјата на индексот на милијардерите Блумберг забележана за еден ден.


Можеби ќе ве интересира:

Ѕирнете во фабриката на третиот најбогат човек во светот: Произведува 4.000 автомобили неделно

Илон Маск претстави свињи со вградени чипови: Можеби и јас имам вградено (ВИДЕО)