Горан Пандев е официјално Маж на годината за 2020 година
Овогодинешното издание
на Мажи на годината оваа година, поради предизвиците со корона вирусот и
пандемијата која го зафати целиот свет, се одржа во едно комплетно различно
руво од досегашното. Оваа година настанот се емитуваше на МРТ1 и беше во формат
на ТВ шоу, каде почитувајќи ги сите протоколи за заштита од медицинските власти
ги доделивме наградите на 13 најуспешни Мажи во Македонија за 2020 година.
Наградата за Менаџер на годината ја понесе Петар Денковски, генерален директор на Веро, наградата за Млад менаџер на годината отиде кај Владо Цекиќ, а за Маж странец во Македонија за 2020 наградата заслужено отиде во рацете на Билал Суџибаши, генералниот директор на ХалкБанк.
За Маж со стил за 2020 година е избран Пако Радовановиќ, архитект. Во изборот на Маж на годината според социјалните медиуми наградата отиде кај хуманитарецот Али Вевзи.
Оваа година стручното жири одлучи наградата за Маж со најголем придонес во општеството оваа година отиде во рацете на целокупниот медицински тим кој неуморно се бори веќе 9 месеци со невидливиот противник. Во нивно име наградата ја подигнаа доктор Виктор Исијановски, директор на Здрваствен дом Скопје и Милица Бубало, раководител на Брзата помош.
Наградата за Маж со најголем придонес во спортот припадна на Македонската Фудбалска Репрезентација, а наградата ја подигна селекторот Игор Ангеловски Мрме. Маж со најголем придонес во културата за 2020 година е Џијан Емин. За Хедонист на годината наградата отиде во рацете на Ѓорѓи Дамјановски, бизнисмен, а за Маж на годината до 40 години наградата замина кај Радован Витошевиќ, генерален директор на МајВорлд.
За Маж со трајни вредности е избран нашиот познат музичар Влатко Стефановски кој неуморно низ годините ја претставува Македонија низ светот. Маж на годината за 2020 година во избор на организаторите отиде во рацете на селекторот на Македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски Мрме. За маж на годината за 2020 година е прогласен неуморниот борец кој со своите 37 години ја однесе Македонија на едно големо фудбалско натпреварување, Горан Пандев.
МАЖИ НА ГОДИНАТА е настан кој се организира со цел да ги обедини и поврзе на едно место најуспешните мажи во Македонија, да ги промовира добрите навики и успеси кои ќе бидат вистински мотив за секој од нас. Овој настан има за цел да го подигнат квалитетот на животот и личниот развој кај секој од нас, истовремено оставајќи позитивна слика во јавноста. Потребата од ваков настан е само едно убаво освежување во медиумскиот простор и искрено веруваме дека ќе успееме да внесеме една нова енергија, која во оваа година ни е повеќе од потребна.
“Среќни сме како организатори на првиот официјален избор на мажи на годината и покрај сите предизвици пред кои се соочивме годинава, што успеавме да ги прославиме и оваа година најуспешните мажи кај нас. Среќни сме што заедно со нашиот тим донесовме една позитивна енергија во ова тешко време и ги славиме и наградуваме успесите со цел да промовираме позитивна енергија која би сакале секој од вас да ја носи во себе. Благодарност до сите медиуми и жири комисијата кои ни дадоа максимална поддршка во текот на овие неколку недели. Посебна благодарност до МРТ кои оваа година го препознаа овој настан, и овозможи целокупната јавност да има можност да ужива во овој настан.“ – изјавија од организаторите.
Изборот на Мажи на годината е во организација на Џентлмен Магазин и Фрајдеј Комуникации.
Погледнете ја галеријата: