Горе највисоко му е најубаво: Илија Димовски каков што не го знаете
За да си даде оддишка од политиката, приватно е по жилав, па стресот од секојдневието го канализира преку здрави начини на живот
Колку што е активен во политиката, толку е и во спортскиот начин на живот. Ако повеќето политичари пуштаат стомак, јадат неконтролирано и освен препукувања на дневно ниво не им текнува малку да се размрдаат физички, пратеникот Илија Димовски нема таква мрзеливост кон здравите животни навики. Неговите политички ставови може да ги прифатиме или не, но факт е дека приватно е вљубеник и учесник во искачување на планини- неговата најголема страст, возење велосипед, пливање, кондициони вежби, трчање…
Ги има искачено повеќето од нашите планински врвови како Титов врв, Голем Кораб, Солунска глава и секоја можност ја користи да биде во допир со природата и висините. Често ќе го видиме во друштво на кучињата Шарпланинци кои ги сака многу.
Рекреативно се занимава и со велосипедизам, а најчесто дестинации му се непроодни патеки на висина или пак селски патеки. Очигледно ја избегнува градската гужва и бира места кои се предизвик да се извозат.
Активен е и во пливањето. Нема проблем да направи профи скок во вода, а тоа го прави со стил. Понекогаш, до местата каде што плива оди со глисер или го вози. Уште еден негов адреналински поттик.
Слободното време го користи и за одржување на линијата на телото. Вежба во теретана но и на отворено. Најверојатно и на овој начин ја троши негативната енергија насобрана од политиката.
Небојша Толески