Gorenje машини за перење и сушење алишта кои размислуваат и перат наместо вас и ги одржуваат вашите алишта совршено меки!

Зарем не би било одлично ако машините за перење и сушење можат да се грижат за алиштата наместо вас, особено во моменти кога сте преокупирани со други работи? Кога би випомагале да заштедите време, пари, па дури и да ја заштитите животната средина? Веруваме погодувате - најдовме такви машини! Тие се произведени во Европска Унија, многу внимателно дизајнирани, со 10-годишна гаранција за инвертер моторот.

Но, да почнеме од почеток...

Најчеста причина за појавата и ширењето на еден од секојдневните појави во сите домаќинства -„тешкиот“ мирис од машината за перење - е мувлата, која се собира во барабанот и гумата помеѓу барабанот и вратата. Предложените решенија обично бараат да се вклучите и вие, да додадете сода бикарбона или оцет, рачно да ја измиете фиоката за детергент и омекнувач или длабинско да ја исчистите машината со дополнително перење.

Новите модели на Gorenje Waveactive машините за перење алишта имаат решение како вашата машина да биде чиста и без непријатна миризба, и сето тоа без дополнителна активност од ваша страна. Тие се ефикасни, економични и одржливи, ги олеснуваат секојдневните активности во домаќинството и ја одржуваатвашата облека мека и миризлива подолго време.

Функцијата Air Dry во новите напреднимодели на Gorenje WaveActive машините за перење ги сушат барабанот и диспанзерот за детергент со ефикасна циркулација на воздух. Ги отстрануваат мувлата и непријатните мириси, оставајќи ви само прекрасен мирис на свежина, без разлика колку често ги перете алиштата.

Напредната ExtraHygiene програма за перење со пареа отстранува до 99,9 проценти од бактериите и мувлата од вашите алишта користејќи пареа и високи температури. Овие две функции се совршена комбинација за да ја одржувате вашата Gorenje машина за перење чиста и свежа секој пат, без да мора да ја чистите рачно. Веќе немада размислувате дали сте ја проветриле доволно долго,дали сте јаизбришалегумата на вратата или дали алиштата ќе имаат непријатна миризба по перењето.

Дополнителна функција која ќе го направи вашиот животот полесен и поедноставен е ConnectLife апликацијата, функција со која ќе можете да ја вклучите, стопирате и контролирате машината за перење каде и да сте. Покрај тоа, ConnectLife апликацијата на Gorenje ви дава можност да добиете порака за статусот на работата, дополнителните програми за перење и други поволности. Апликацијата е лесна за преземање и користење, а во вашите секојдневни обврски совршено ќе ви служи како асистент во домашните работи.

Без оглед на тоа колку едноставнони изгледа перењето алишта, понекогаш треба да се направи малку повеќе отколку само  да се стави облеката и да се вклучи машината. Со NatureDry технологијата, вашите најчувствителни парчиња ќе се сушат на пониски температури, како да се сушат надвор на отворено, само многу побрзо и поудобно. Можете да бидете спокојни бидејќи вашите омилени парчиња облека добиваат најсовремен третман кој го намалува собирањето на материјалот за 50 проценти. Специјалниот сензор за температура овозможува нежно сушење на сите видови облека, дури и на нежни ткаенини, волна или спортска опрема. Сите овие функции работат заедно за да ви дадат најдобар можен резултат на сушење и да ја направат вашата облека мека и 99,9 отсто без бактерии.

Изберете една од големиот број на машини за перење и сушење од Gorenje и никогаш повеќе не треба да се грижите за алиштата.


ПР објава