Гошевски: Доколку тимот е на потребното ниво очекувам нова победа во градскиот дуел со Јуниор КВ

Ракометниот клуб Голден Арт во недела ќе одигра нов градски дуел во рамките 6 -тото коло од суперлигата во ракомет. На домашен терен, во С.Ц "Јане Сандански" во Општина Аеродром гостува Јуниор КВ. Повелете изјава од десниот бек на Голден Арт, Дејан Гошевски:

„Во недела ни следува натпревар против незгоден противник, кој според составот на играчи е спој на младост и искуство и кој на претходните натпревари покажа дека поседува квалитет да се надмудрува со секој тим во суперлигата. Атмосферата во тимот, после победата од исклучително значење во Радовиш, е на многу високо ниво, што овозможува квалитетно да се подготвиме за натпреварот кој ни претстои со тимот Јуниор КВ. Доколку спроведеме тоа што се договараме и го тренираме на последните тренинзи, оптимист сум дека ќе излеземе како победник на дуелот во недела“ - изјави
Гошевски.

Вториот тим од нашиот колектив, Голден Арт Аеродром, тим е составен од млади македонски ракометари, по победата над РК Аеродорм во претходното коло, во 4-тото коло од првата машка ракометна лига ќе гостува во скопската населба Кисела Вода, каде ќе одигра натпревар против најголемиот фаворит во групата, тимот на Драчево. Натпреварот ќе се одигра во сабота во салата „Архиепископ Доситеј“ во Општина Кисела Вода, со почеток од 18 часот.