Спорт // Спорт
ГОТОВО: Лукаку се врати во Интер, избега од Челзи, ќе игра за двојно помала плата
Ромелу Лукаку се врати во Интер, официјално трансферот ќе биде потврден во следните денови и најдоцна до 30 јуни.
Белгиецот прифатил плата речиси двојно помала од онаа која ја добиваше во Челзи, во Интер ќе заработува 8 милиони плус бонуси, но многу помалку од оние 15 милиони кои ги имаше на годишно ниво во англискиот клуб.
Лукаку практично избега од Челзи каде беше несреќен, по само една година се враќа назад во Милано.
Белгиецот во Челзи запиша 26 настапи и постигна 8 гола за една сезона, во Интер играше од 2019 до 2021 година и на 72 натпревари даде 47 гола.