Готвачот кој „води љубов“ со колачи е хит: Еден поглед на профилот на овој маж и нема да знаете што да правите од срам

Она што го прави Седрик со колачите не е нормално и можеби е нелегално во некои земји, но нема да можете да престанете да го гледате

Седрик Лоренцен има 32 години и на прв поглед е многу згоден тип. Тоа што знае да готви, и тоа многу добро, е доволно жените целосно да му „паднат“ на овој згоден маж.

Сега доаѓаме до малку незгодна тема. Тој „Води љубов“ и со колачи. Имено, додека сте на работа не смеете да го погледнете неговиот профил кој има над 4 милиони следбеници, бидејќи тоа што го прави со храната е повеќе од ...

Овој маж при подготовката на специјалитетот ги демонстрира експлицитните постапки кои жените ги посакуваат во спалната соба.


Имено, тој си ги гали, допира и лиже колачите.

Иако целта му е да стане број еден, овој пат малку можеби претера бидејќи жените го гледаат тоа што сакаат да го видат: жешко момче кое има некои чудни потези во кујната.

„Имам страст за готвење уште од моите рани години, но од 2019 година решив да го сфатам тоа посериозно. Мојата крајна цел е да отворам ресторан'“.

Тој не ја планирал свесно својата стратегија за ваквите постапки, но одлучил да создаде содржина што му одговарала. Со текот на времето таа се развивала природно …

„Понекогаш се прашувам дали моите постапки се премногу ризични, па ми поминува мислата дека ќе се соочам со критики. Сепак, сфаќам дека тоа што го правам не му штети на никого. Мојата содржина е дизајнирана да биде забавна и интерактивна, а ако не ти се допаѓа, ти предлагам само да го исклучиш и да продолжиш понатаму“, искрен е тој.

Но, изгледа дека дамите не сакаат да одат понатаму, тие сакаат да го гледаат Седрик како готви и прави други работи:

„Ова треба да биде незаконски“, „Малку сум љубоморна на таа храна“, „Мислам дека штотуку имав мал инфаркт“, се дел од коментарите.