Тренд // Патувања
Град кој личи како да слетал на карпите
Шпанското гратче Ронда се наоѓа на 950 метри надморска височина.
Борба со бикови, неповторливи планински предели и тесни улички се одлики на градот.
Познат во целиот свет е со својата драматична стрмност и со длабокиот теснец Ел Тахо каде поминува реката Гуадалевин. Градот е место каде Ернест Хемингвеј, Орсон Велс и Александар Дима поминале многу лета.
Тука се наоѓа првата арена за бикови, изградена кон крајот на 18 век.
Ронда има два дела - стар и нов кои се поврзани со мостот Пуенте Нуево.
Во стариот дел на Ронда, шетајќи по калдрма, улици и уредни плоштади, можат да бидат разгледани прекрасни палати и цркви.