Градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов им посака успех на кошаркарите против Норвешка и Данска

Денеска, во просториите на општина Гевгелија репрезентативците и стручниот штаб на македонската кошаркарска репрезентација беа на прием кај Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов

„Чест и задоволство ми е што Гевгелија и спортската сала "26 април" ќе бидат домаќини на двата натпревари со Норвешка, на 10 ноември, и Данска, на 13 ноември, во рамките на претквалификациите за Европското првенство. Им посакувам успех и победа на претстојните натпревари во Гевгелија“ - порача првиот човек на Гевгелија каде нашата најдобра селекција од вчера ги стартуваше мини-подготовките, и ќе се обиде да го продолжи победничкиот низ во вториот круг од претквалификациите за Евробаскетот во 2025 година.